Утрински Весник
Македонија

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски, со 200 илјади евра преку Еразмус +, уште ли одработува заради тоа

Manasievski.jpg

Прес конференција на Валентин Манасиевски, ВМРО-ДПМНЕ:

СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски, со 200 илјади евра преку Еразмус +, уште ли одработува за овие пари?


Еразмус + на Лидија Димова и Зоран Заев дале 200 илјади евра на проект на кој конкурирал Фрчкоски. Каде е сега тој?

Фрчкоски со години е најгласен протеже на СДС, тој ги изнесува на површина работите кои СДС ги мисли, а не сака јавно да ги каже.

Секогаш кога треба некој да се извреѓа, да се нападне или да се шиканира, тука е Фрчкоски.

Ова е начинот на кој СДС ја користел Еразмус +. Плаќани биле судии, професори, и квази експерти.

Во СДС владее страв и паника, бидејќи излегуваат на виделина сите работи кои ги правеле СДС, Заев и Димова.

Можете да прочитате

Уапсен арачиновец во Липково, превезувал огревни дрва без документација

Над 4.500 спорни корисници на социјална помош – Пари се исплаќале и за починати и иселени

ОЈО бара притвор за двете финансиски раководителки во Државна Лотарија