Утрински Весник
Македонија

Малолетник уапсен во Карпош, млад скопјане во Аеодром – фатен и кокаин во Тетово

Тешка несреќа кај Драчево: Излета автомобил со четири млади девојки, однесени сите во болница

Полициски службеници направиле претреси во Скопје, а кај двајца нашла дрога. Слична акција имало во Битола и Тетово, каде исто така има уапсени лица.

dobivaj vesti na viber

„На подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.С.(21) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. На подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја“, велат од МВР.

Полицијата со детали и за другите два случаи.

„Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода В.Р.(40) од Битола. При претрес во неговиот дом во Битола, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (26.06.2023) околу 23.15 часот, на улица „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово, го лишиле од слобода 38-годишниот тетовец Д.М., затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин“, додаваат од МВР.

Можете да прочитате

Просветен инспектор вршел психичко насилство врз наставничка во училиште во Муртино

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ утре во Кавадарци, се очекува реизбор на Мицкоски

Прекршочна постапка против општина Струга и одговорното лице – не го поставиле државното знаме при прослава по повод Денот на aлбанското знаме