Утрински Весник
Скопје

Целосно реконструиран локалниот пат Мршевци – Дељадровци

Image 2026 06 13 122416244.png

Општина Илинден успешно го реализираше капиталниот инфраструктурен проект за целосна реконструкција на локалниот патен правец што ги поврзува населените места Мршевци и Дељадровци, со што значително се унапредуваат условите за сообраќај, безбедноста и локалната поврзаност.

Проектот претставува една од позначајните инвестиции во патната инфраструктура на општината, обезбедувајќи современа, поквалитетна и побезбедна сообраќајна поврзаност меѓу двете населени места. Со реализацијата на овој проект се подобрува секојдневната мобилност на жителите, како и пристапноста за сите корисници на овој патен правец.


Во рамки на проектот извршена е целосна реконструкција и асфалтирање на патот во должина од околу 1.900 метри, извршено е проширување на коловозот, а низ населените делови долж кои поминува делницата изграден е нов тротоар со ширина од 1,5 метри, со што дополнително се зголемува безбедноста на пешаците.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека инвестициите во модернизација и развој на патната инфраструктура остануваат стратешки приоритет на локалната самоуправа, со цел обезбедување подобра поврзаност помеѓу населените места, зголемена безбедност во сообраќајот и повисок квалитет на живот за граѓаните.

Општина Илинден продолжува со интензивна реализација на капитални инфраструктурни проекти кои придонесуваат за рамномерен развој на сите населени места, модернизација на јавната инфраструктура и создавање подобри услови за живот за сите граѓани.

Можете да прочитате

Авионска дезинсекција против возрасни комарци утре на скопската територија

Општина Центар со финансиска помош за штетите од невремето, објавен јавен повик

„Скопје 2028“ ќе потроши 21 милион евра – парите ќе се трошат „во четири очи“, без јавни набавки