Утрински Весник
Македонија

Малолетник со тешки повреди е однесен во болница – бил удрен од „фолксваген“ додека возел велосипед

Малолетник со тешки повреди е однесен во болница – бил удрен од „фолксваген“ додека возел велосипед

Вчера околу 10.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на крстосницата од ул.„Едвард Кардељ“ и ул.„Енгелсова“ во Неготино, патничко возило „фолксваген шаран“ со неготински регистарски ознаки, управувано од З.С.(47) од Неготино, удрило во велосипед управуван од малолетник од Неготино.

dobivaj vesti na viber

„Во несреќата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Неготино“, велат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Неготино.

Можете да прочитате

13 годишно дете ја срушило канделабрата во Карпош

УСТАВЕН НИХИЛИЗАМ ИЛИ КРИЗА НА СУВЕРЕНИТЕТОТ?

Ахемти не планира да биде доживотен претседател на ДУИ