Утрински Весник
Македонија

Малолетник со мотоцикл прегази пешак во Кумановско

Motocikl.jpg

Вчера околу 13.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локален пат во с.Романовце, кумановско, мотоцикл управуван од малолетник од с.Романовце удрил во пешакот А.А.(56) од истото село.

Во несреќата пешакот А.А. се здобил со тешки телесни повреди, додека малолетникот се здобил со телесни повреди констатирани во болницата во Куманово.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание