Утрински Весник
Македонија

Малолетник од Тетово уапсен поради кражби во црква и две џамии

Img 8666.jpeg

Полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишен малолетник од Тетово, кој се сомничи дека во текот на изминатиот месец извршил повеќе кражби во верски објекти.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, малолетникот бил приведен на 5 јули околу 13:20 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово. Според првичните сознанија, тој е осомничен за сторени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“ во црквата во селото Брвеница, како и во две џамии на подрачјето на Тетово.


Од МВР велат дека по целосното документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежните органи. Истрагата за околностите и причинетата материјална штета е во тек.

Можете да прочитате

Спречен обид за илегално преминување на државната граница

Акција на полицијата во Гостивар: Марихуана пронајдена при претрес на дом

Успешна потрага на Шара: пронајдена жената која исчезна при искачување кон „Титов Врв“