Утрински Весник
Македонија

Малолетник од Битола удрил пешак

Soobrakajka.jpg

На  13.02.2026 во 18:35 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Козјак” во Битола, 17-годишник од Битола, управувајќи патничко возило „даеву тико” со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот Е.К.(42) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 42-годишниот пешак, констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола и по извршени проверки е констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување со моторно возило, по добиени насоки од јавен обвинител, 17-годишникот е лишен од слобода, а возилото е одземено.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

УЈП најостро го осудува нападот врз даночните контролори

Клековски: Во последните 24 часа примени 260 пациенти со стомачни тегоби

Возел без возачка дозвола и предизвикал сообраќајка во тетовско, повредени и тригодишно дете