Утрински Весник
Македонија

Малолетник истепан од врсници пред школо со тешки повреди завршил во болница

Gradska Bolnica.jpg

Од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолтеник од село Чифлик, скопско, извести МВР. „По преземени мерки било констатирано дека околу 12.30 часот пред основно училиште во с.Чифлик, а по претходна расправија на социјална мрежа, малолетникот бил физички нападнат од неколку малолетници, кои употребиле и тврд предмет“, соопшти МВР. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

Можете да прочитате

Хрватска запре нова пратка пиперки, означена со „сериозен ризик“

Платформата 12:05: Оставка на Филипче, вонреден Конгрес и внатрепартиски избори

Обид за деблокада на евроинтеграциите: Муцунски оди во Софија