Утрински Весник
Спорт

Макс пред Расел и Хамилтон на пол-позицијата во Мелбурн

Макс пред Расел и Хамилтон на пол-позицијата во Мелбурн

Макс Ферстапен очекувано ја освои пол-позицијата во пресрет на трката за Големата награда на Австралија. Квалификациите, покрај актуелниот шампион ги обележаа возачите на Мерцедес и партнерот на Ферстапен, Серхио Перез.

dobivaj vesti na viber

Макс Ферстапен, во последниот круг, го постави апсолутно најдоброто време во квалификациите 1:16.732 минути. Утре на стартот, веднаш зад него ќе стартуваат пилотите на Мерцедес, Џорџ Расел (+0.236) и Луис Хамилтон (+0.372).

До Хамилтон, трката од вториот ред ќе ја започен фернандо Алоно во Астон Мартин.

Следуваат Карлос Саинц во Ферари, колегата на Алонсо, Ленс Строл, Шарл Леклер (Ферари), Александер АЛбон (Вилијамс), Пјер Гасли (Алпин) и Нико Хулкенберг (Хас).

Вториот адут на Ред Бул, Серхио Перез, испадна на почетокот на квалификациите. Победникот од Џеда, по само пет минути излета од патеката и тој трката ќе ја започне од последната позиција.

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија