Утрински Весник
Свет

Макрон: Француски војник убиен, а тројца други се ранети во јужен Либан, сè укажува на Хезболах

20260417074506 big 730x400 31.webp.webp

Еден француски војник е убиен, а тројца други се ранети во напад врз мировните сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ), објави денеска францускиот претседател Емануел Макрон на мрежата Икс.

„Сè укажува на тоа дека Хезболах е одговорен“, посочи Макрон, додавајќи дека ранетите војници биле евакуирани по нападот во јужен Либан.


Тој порача дека Франција бара либанските власти веднаш да ги уапсат сторителите.

Либанскиот премиер Наваф Салам остро го осуди нападот врз француските припадници на УНИФИЛ.

„Издадов строги инструкции за спроведување на итна истрага за да се откријат околностите на овој напад и сторителите да се повикаат на одговорност“, објави Макрон.

Можете да прочитате

За секој напад на Иран во Хормуз САД ќе уништат по еден мост во Иран, се закани Трамп

Ортега: Нема веќе избори во Никарагва

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години