Утрински Весник
Свет

Макрон: ЕУ планира реципрочни царини на челикот и алуминиумот

Makron1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Европска Унија планира да воведе „реципрочни царински мерки“ на челикот и на алуминиумот и ќе мора да „одговори“ и на другите производи, изјави денеска претседателот на Франција, Емануел Макрон, реагирајќи на најавените американски царини од 25 проценти за европските производи.

– Доколку се потврдат американските царини за челик и алуминиум, Европејците ќе одговорат и затоа ќе има реципрочни царини. Затоа што мораме да се заштитиме, мора да се браниме. Не смееме да бидеме слаби на никаков начин пред овие мерки, изјави Макрон на заедничката прес-конференција во Порто со португалскиот премиер Луиш Монтенегро.


Трамп пред два дена најави дека планира да воведе царини од 25 проценти за сите производи од ЕУ.

– Ако на почетокот на април, како што беше најавено, се воведат царини за европските производи на ова ниво, Европејците ќе мора да одговорат, посочи Макрон

Можете да прочитате

СЗО: Од алкохол во ЕУ умираат 800.000 луѓе годишно

Екстремен студ на северот од Русија и Канада, затворени се училишта и градинки

Поплави во Шпанија, има мртви и исчезнати