Утрински Весник
Македонија

Ивановска: „Црната листа“ на САД се темели на докази од домашни институции

Img 1406.jpeg

Поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, изјави дека лицата кои се наоѓаат на т.н. „црна листа“ се ставени врз основа на докази прибрани од домашните институции.

Во гостување во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, Ивановска посочи дека дел од тие лица веќе биле предмет на постапки пред Антикорупциската комисија.


„Неколку пати амбасадорката на САД потенцираше дека сите кои се наоѓаат на црната листа се врз база на докази прибрани од домашните институции. А повеќето од тие лица нас ни беа предмети за коишто имавме покренато кривична одговорност. Има се уште предмети што се работат, не се сите отфрлени предмети“, изјави Ивановска.

Таа нагласи дека постојат активни случаи кои се уште се во тек, што, според неа, укажува дека институциите продолжуваат да работат на овие предмети и дека не сите постапки се затворени.

Можете да прочитате

Приведени 18 возачи, 12 возеле без дозвола, од кои 5 малолетници

Наставник од Битола цела година предавал на ученици без да знае дека добил отказ

Инцидент во дом деца во Центар: 15-годишен штитеник се обидел да обљуби друго дете