Утрински Весник
Македонија

Македонски државјанин осуден за убиство во Швајцарија извршено пред 24 години

Македонски државјанин осуден за убиство во Швајцарија извршено пред 24 години
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Маж по потекло од Македонија е осуден во швајцарскиот град Бил за убиство извршено пред 24 години.

Pet Utrinski

dobivaj vesti na viber

Судот го осуди  65-годишниот маж на 18 години и три месеци затвор за убиство и обид за убиство при грабеж во јуни 1999 година.

Screenshot

Швајцарските медиуми потсетуваат дека група од четворица мажи кобната вечер упаднале во куќата на едно семејство и им ставиле лисици на парот и нивниот син, кој тогаш имал 14 години. Двата постари сина на парот во тој момент не биле дома. Напаѓачите биле маскирани и вооружени, а еден од нив ги мачел врзаните родители и нивниот син.

Кога двајцата постари синови на двојката ненадејно се вратиле дома, напаѓачите испукале најмалку четири куршуми, при што едниот брат го убиле, а другиот тешко го раниле. Напаѓачите потоа побегнале.

Единствената ДНК трага водела до осудениот. Инспекторите за осомничениот дознале случајно дури во 2015 година, кога пријавил упад во неговиот киоск во Берн. Неговата ДНК трага потоа се совпаѓа со ДНК пронајдена на местото на злосторството Бил.

Бруталното злосторство ја потресе цела Швајцарија и со години се сметаше за нерешен криминален случај.

Осомничениот од самиот почеток негираше вмешаност во грабежот, а неговиот бранител побара ослободителна пресуда, тврдејќи дека ДНК анализата е сомнителна. Но, Јавното обвинителство смета дека е докажана вмешаноста на мажот во грабежот и побара затворска казна од 18 години.

Заднината на грабежот останува нејасна.

Во текот на истрагата, полицијата добила информации дека кривичното дело може да се заснова на нелегална трговија со оружје меѓу двајца синови на семејството и поранешни активисти на Ослободителната војска на Косово.

Можете да прочитате

На полноќ Судскиот совет ќе одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Ќерим: Пораката на Сиљановска Давкова беше за мнозинството граѓани што гласаа за неа, а не да се испровоцира Грција

Мицотакис ја актуелизираше трговската ознака „Macedonia the Great“ како „моќно средство на економската дипломатија“