Утрински Весник
Македонија

Македонската амбасадорка повикана во бугарското МНР, за нападот врз клубот во Охрид е информиран Брисел

Македонската амбасадорка повикана во бугарското МНР, за нападот врз клубот во Охрид е информиран Брисел
Ss2

Бугарија на македонската амбасадорка во Софија ќе и’ врачи остар демарш по повод нападот врз бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

dobivaj vesti na viber

„Ова кривично дело е трет напад врз клубот Цар Борис Трети за помалку од два месеци. Претходниот напад беше извршен пред само два дена, за што Министерството за надворешни работи испрати вербална нота до амбасадата на Северна Македонија во Софија. Ја забележуваме реакцијата на Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, но категорично не прифаќаме вакви тешки кривични дела да се дефинираат како вандалски чин“, се нагласува во ставот на бугарското МНР.

Ss1

Министерството очекува надлежните органи во Македонија во најкраток можен рок да преземат активности за откривање и изведување на лицето на правдата на „сторителите на злосторството врз клубот Цар Борис Трети“.

Веќе синоќа бугарските дипломати детално го информирале раководството на Европската комисија за инцидентот во Охрид. Веднаш по нападот на местото на настанот пристигнал бугарскиот конзул во Битола Димитар Иванов. Во просториите на клубот внатре биле пронајдени 8 чаури, пишува БГНЕС.

Македонското Министерство за надворешни работи синоќа го осуди оштетувањето на стаклото на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

„Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најстрого го осудува вандалскиот чин, при што меѓу другото со употреба на оружје се оштетени надворешните стакла на граѓанскиот клуб во Охрид. Особено загрижува фактот што овие вандалски активности се повторуваат во многу краток период, имајќи предвид дека пред само неколку дена, на 20 ноември, бевме сведоци на уште еден вандалски чин кога беше оштетен излогот на клубот. Ваквите настани се целосно неприфатливи, можат да загрозат човечки животи, и ги засилуваат ретроградните процеси кои се во спротивност со европските интеграции на земјава“, се наведува во реакцијата за МНР.

Ss1

Можете да прочитате

Столе Попов добитник на годинашниот „Златен објектив“ на Кинотека

Ковачки: Со над 800 милиони евра владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава проблемите на земјоделците, со 250 милиони евра годишно дополнително ќе се развиваат општините

Тетовецот што опљачка казино во Лешок заврши во притвор