Утрински Весник
Македонија

Македонец во Србија возел 184 километри на час, па удрил во полициско возило и повредил полицаец

Thinkstockphotos 807848828 620x0.jpg

Дваесет и тригодишен македонски државјанин е уапсен завчера оти возел 184 километри на час на автопатот кај Бујановац.

Во таа прилика повредил полицаец, удрил и оштетил полициско возило, а оштетил и полициски радар, пренесуваат српските медиуми.


Информацијата ја потврдил Бобан Накиќ, јавниот обвинител во Бујановац.

„На државјанинот на Северна Македонија одреден му е притвор бидејќи денеска на автопатот кај Бујановац возел 184 километри на час, удрил во службено полициско возило и повредил полициски службеник. При ударот бил оштетен и полициски радар. Материјалната штета што настана во таа прилика се проценува на над 2 милиони динари“, изјави Накиќ.

Несреќата, според информациите, се случила на делницата од автопатот меѓу Бујановац и Прешево.

Можете да прочитате

Средба Николоски – Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји

ЛДП: Дупка од 10.000 денари во секој семеен буџет е реалноста, а не приказната за “трета економија во Европа”!

ВМРО-ДПМНЕ: СДС падна на четврто место во Брвеница, а Филипче слави дебакл, граѓаните знаат кој работи и носи резултати