Утрински Весник
Македонија

Маглата го отежнува сообраќајот – 24info.mk

Magla Avtopat.jpg

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, летовите се реализираат со задоцнување, додека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, но со намалена видливост на одредени патни правци.

– Магла со видливост до 50 метри има на патиштата Македонски Брод-Битола-Ресен-Охрид и Дебар, а од 100 до 200 метри Скопје-Куманово-Сарамзалино-Велес-Неготино-Д.Капија, информира АМСМ во пладневниот извештај за состојбата на патиштата. 

АМСМ укажува дека на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. Апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Во сила е законската обврска за задолжително носење зимска опрема во возилата.

Можете да прочитате

Извлечено телото на исчезнатиот давеник од Вардар 

Запленети над 11 килограми марихуана и 400 грама кокаин во стан во Скопје

Филипче со закана за исклучување на Петровска?!