Утрински Весник
Македонија

Магла во Штип, Страцин и на патот Тетово – Гајре

Magla Avtopat.webp.webp

Намалена видливост поради магла до 100 метри има во Штип, Страцин и на патниот правец Тетово – село Гајре, информира ЈП „Македонија пат“.

Според ЈП „Македонија пат“ чии екипи, како што наведува, се постајоно на терен, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Претпријатието со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучено во расчистување на патиштата, а на располагање се и фирмите со кои соработува за навремено справување со снежните наноси.


-Апелираме на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината спрема условите на патот, наведува ЈП „Македонија пат“.

Можете да прочитате

Проф. д-р Срцева со едукативни препораки за феноменот селфи, актуелен кај младите, чии последици често се со фатален крај

Утре или најдоцна задутре Министерството за економија треба да ја достави Предлог-одлуката за ограничување на маржите

Премиерот Мицкоски утре во посета на општина Кавадарци