
Николас Мадуро, венецуелскиот претседател кој беше заробен, по пренесувањето со авион во Њујорк, е задржан во притворниот центар во Бруклин, објавуваат светските медиуми. Според официјални извори на кои се повикуваат медиумите, се очекува Мадуро утре првично да се појави пред федералниот суд на Менхетен. Како што пренесува Би-би-си, претседателот најпрво бил сместен во воена база во САД, а потоа со хеликоптер однесен во канцелариите на ДЕА во Њујорк, пред да биде пренесен во објектот во Бруклин.
На социјалната мрежа Икс се појави видео на кое се гледа Мадуро облечен во црна маица со качулка како оди по ходник со син тепих со натпис „DEA NYD“. Тој е со лисици на рацете, придружуван од агенти на ДЕА, и се обидува да поздрави на англиски со зборовите „Добра ноќ“ и „Среќна Нова Година“.



