Утрински Весник
Македонија

Мајмунски сипаници пристигнаа и во Македонија – првите два случаи потврдени

Img 9498.webp.webp

Денес, во Јавната здравствена установа Институт за јавно здравје, лабораториски се потврдија првите два случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во Македонија. Двајцата пациенти биле упатени од Клиниката за кожни болести како суспектни случаи, при што покрај тестирањето за мајмунски сипаници, им било наложено и испитување за ХИВ, сифилис и херпес.

Лабораториските испитувања биле спроведени по три различни методи, и сите резултати укажале на присуство на вирусот. Веднаш по потврдата, Институтот за јавно здравје ги известил сите надлежни институции – Министерството за здравство, Клиниката за кожни болести, Инфективната клиника и други релевантни служби.


Согласно предвидените протоколи, докторот што ги примил пациентите ги информирал за резултатите, по што започнала епидемиолошка анкета спроведена од стручни лица од Институтот за јавно здравје. Целта на анкетата е да се добијат важни податоци за контактите на пациентите, нивното движење и потенцијални ризици од ширење на инфекцијата. Процесот на анкетирање е сè уште во тек.

Како следен чекор, на заразените лица ќе им биде препорачано да се јават на Инфективната клиника за понатамошна здравствена грижа. Истовремено, Институтот ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата и да соработува со сите релевантни институции.

Надлежните уверуваат дека нема простор за паника. Мерките се преземаат брзо и навремено, а институционалните капацитети се мобилизирани за да се спречи ширење на инфекцијата. Се преземаат и дополнителни превентивни мерки, а за јавноста утре ќе следуваат подетални информации.

Можете да прочитате

Јахији победи во Брвеница со 265 гласа разлика, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот

Мицкоски по поразот од ДУИ: Повеќе гласови, но недоволно за победа

НБРМ вчера смируваа, денес презедоа контрола – Што се смени во АЛТА банка за 24 часа?