Утрински Весник
Балкан

Маќедонци: Опасноста сé уште не поминала, Косово и натаму е загрозено од Србија

Qq 1.webp.webp

 Министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци вели дека Косово продолжува да биде загрозено од Србија, поради што мора да се подготвува да се соочи со безбедносните ризици, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во вечерашното интервју за телевизијата Т7, Маќедонци изјави дека на безбедносен план „ништо не е исклучено“, сé додека Србија продолжува да го гледа Косово како дел од неа.

„Сé додека во Србија постои политичка волја Косово да се гледа како нејзин дел, ништо не е исклучено и сé додека недостасува волја на институциите, особено на политичкото раководство во Србија, да ги потпишат договорите во целост и сериозно да пристапат кон дијалогот, верувам дека опасноста не поминала. Затоа како држава мора да се подготвуваме не само да се соочиме со оваа опасност, туку и со сите опасности кои можат да му наштетат на територијалниот интегритет и уставниот поредок“, рече Маќедонци.

Државата, порача косовскиот министер за одбрана, е „подготвено да се соочи со сé“.

„Нашата армија е подготвена да се соочи со секаква опасност и закана по територијата на нашата земја“, изјави Маќедонци за Т7.

Можете да прочитате

Хрватска ќе носи закон за криптовалути

Вучиќ: Србија мора постојано да има енергија

Огромна змија снимена кај Мостар