Утрински Весник
Македонија

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

468525703 1097046355407391 3867749307883920424 N.jpg

Досегашната заменик претседателка на СДСМ Сања Лукаревска, попладнево ѝ ја предаде функцијата на новата заменик претседателка Фани Каранфилова Пановска.

„Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари. Им благодарам за сета поддршка, за трпението, за соработката и за сите критики кои знам дека беа добронамерни. Поминавме низ бројни премрежја, доживеавме и победи и порази, заедно научивме скапоцени животни лекции. И пак велиме : Ние сме СДСМ. Зашто наше мото се зборовите: „битките не се добиваат со евакуација“. Тука сме, обединети и посилни, поразени на избори но не и победени.

На Фани, од сè срце, и посакувам успех во зацврстувањето на нашите заеднички социјалдемократски вредности. Безрезервно ја уверувам дека во мене веќе го има најискрениот соработник. Најголемата благодарност и ја упатувам на мојата мајка. Нејзината трпеливост и храброст се мојот најдобар сопатник. На денот на нејзиниот роденден, посакувам уште многу години да патуваме заедно.

Можете да прочитате

ОУ „Лазо Ангеловски“ го прекина бојкотот, учениците утре продолжуваат со настава

ВМРО-ДПМНЕ: Сите 9 судии на Уставен се избрани од 2018 до февруари 2024, кога во судството жареше и палеше ДУИ и СДС

Ѓорѓиевски: Голем интерес за мерката за ослободување од комуналии за младите