Утрински Весник
Спорт

Лука Дончиќ „полуде“ против Детроит и постигна 53 поени

Лука Дончиќ „полуде“ против Детроит и постигна 53 поени

Далас Маверикс во ноќта зад нас на крилата на неверојатниот Лука Дончиќ ги победи Детроит Пистонс со 111:105.

dobivaj vesti na viber

Далас се мачеше со еден од послабите тимови на Истокот, па Дончиќ мораше да „полуди“. Натпреварот го заврши со дури 53 поени и 70,8% шут од поле (17 од 24), а имаше и осум скока и пет асистенции.

Спенсер Динвиди, кој постигна 10 од своите 12 поени во четвртата четвртина, исто така беше важна алка во победата на Далас.

Тоа беше петти натпревар со 50 плус поени во кариерата за Лука Дончиќ, четврти оваа сезона и втор најдобар ефект во историјата на Далас Маверикс по 53 поени на Дирк Новицки на 2 декември 2004 година против Хјустон и рекордот на франшизата на Дончиќ поставена против Њујорк Никс со постигнати 60 поени.



Лука имаше 24 поени во првата четвртина и 18 поени во третата, па на грандиозен начин се врати на паркетот по повредата на левиот скочен зглоб поради која ги пропушти дуелите со Феникс (играше три минути и се повреди) и со Јута.

За Детроит 29 поени постигна Бојан Богдановиќ, а Садик Беј додаде 18.

Бруклин Нетс го совладаа ЛА Лејкерс со 121:104, а најефикасен во победничкиот тим беше Кајри Ирвинг со 26 поени.

Стеф Кари со 38 поени беше предводник на Голден Стејт Вориорс во триумфот на гости (120:128) против Оклахома.

Резултати НБА: Филаделфија – Орландо 109:119, Бруклин – ЛA Лејкерс 121:104, Минесота – Сакраменто 111:118, Оклахома – Голден Стејт 120:128, Сан Антонио – Вашингтон 106:127, Далас – Детроит 111:105, Феникс – Торонто 114:106, Портланд – Атланта 129:125.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига