Утрински Весник
Свет

Lufthansa отпушта 400 вработени, ќе ги замени со вештачка интелигенција

Img 1024x683 1.jpg

Од Lufthansa директно не ги коментираа најавите за отпуштања, но изјавија дека сакаат да ги намалат административните трошоци за 20 отсто до 2028 година и повеќе да ја користат автоматизацијата и новите дигитални технологии, како што е вештачката интелигенција

Германската национална авиокомпанија Lufthansa ќе отпушти околу 400 вработени за да се справи со очекуваниот пад на заработката, пишува германскиот магазин Manager.

„Авиокомпанијата Lufthansa ќе укине една петтина од своите административни работни места, или околу 400 работни места“, пишува германскиот магазин.

Внатрешната пресметка покажува дека Lufthansa би можела да забележи оперативна загуба од 800 милиони евра во 2026 година доколку продолжи со сегашниот бизнис тренд.

Од Lufthansa директно не ги коментираа најавите за отпуштања, но изјавија дека сакаат да ги намалат административните трошоци за 20 отсто до 2028 година и повеќе да ја користат автоматизацијата и новите дигитални технологии, како што е вештачката интелигенција, пренесува Reuters.

Во третиот квартал Lufthansa забележа пад на оперативната добивка од девет отсто на годишно ниво на 1,3 милијарди евра поради ниските приноси, високата конкуренција на пазарот и зголемените трошоци.

„Одложените испораки на авиони, проблемите со точноста во нашите центри во Германија и регулаторните недостатоци влијаат на нашиот основен бренд“, рече извршниот директор на Lufthansa, Карстен Спор во изјавата. 

Извор – ТРН

Можете да прочитате

Ужас: Таткото и маќеата брутално ја убиле малата Сара – На телото пронајдени 70 повреди

Паднаа Фејсбук, Инстаграм и Ватсап – Корисниците ширум светот пријавуваат проблеми

Македонски државјани со оружје се заканувале на Романци во Велс – полицијата ги уапси