Утрински Весник
Спорт

Луди сцени во Ирак: Стадион исполнет 10 часа пред меч, во стампедо над 60 повредени и еден загинат

Луди сцени во Ирак: Стадион исполнет 10 часа пред меч, во стампедо над 60 повредени и еден загинат
300x250 (7)

Во последните години не e видена сцена стадион да биде исполнет 10 часа пред одигрување на натпревар. Тоа се случува во ирачкиот град Басра.

dobivaj vesti na viber

Од 17 часот по средноевропско време, во финалето на Гулф купот силите ќе ги одмерат селекциите на Ирак и на Оман, а во стампедо пред стадионот повредени се повеќе од 60 луѓе, има и еден загинат.

Ss1

Некои Ирачани кои успеаја да купат билети ја поминаа ноќта пред стадионот, а трибините почнаа да се полнат во раните утрински часови.

Информациите од Ирак велат дека стадионот е исполнет 10 часа пред натпреварот, што звучи неверојатно.

Капацитетот на стадионот во Басра изнесува 65.000 гледачи, а нема дилеми дека на стадионот ќе влезат повеќе луѓе отколку што е можно.

Ss1

Можете да прочитате

Олимпискиот оган попладневно во Атина ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“

Струмица е старо-нов првак во одбојка

Рома го доби доиграниот натпревар во Удине