Денеска во Монако се утврдија групите во Лигата на шампионите на УЕФА, и како и секогаш дел од фаворитите имаат „полесни“ групи, додека дел од нив треба добро да се потрудат за да ја минат групата фаза.
Несомнено, меѓу потешката група е таа на францускиот гигант Пари Сен-Жермен, кои во групата Е ќе се судрат со седумкратниот шампион Милан, со германскиот Борусија Дортмунд и богатиот и „препородениот“ повратник во ЛШ, Њукасл.
Актуелниот шампион, Манчестер сити, патот за одбрана на титулата ќе го започне во групата Г со германскиот РБ Лајпциг, српскиот шампион Црвена звезда и швајцарскиот Јанг Бојс.
Интересна е и групата А, каде што Баерн Минхен ќе се судри со Манчестер јунајтед, Копенхаген и Галатасарај, како и групата Ц, каде што Реал Мадрид ќе игра со Наполи, Брага и Унион Берлин.
УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ГРУПА А
Баерн Минхен
Манчестер јунајтед
Копенхаген
Галатасарај
ГРУПА Б
Севилја
Арсенал
ПСВ Ајндховен
Ленс
ГРУПА Ц
Наполи
Реал Мадрид
Брага
Унион Берлин
ГРУПА Д
Бенфика
Интер
Ред бул Салцбург
Реал Сосиедад
ГРУПА Е
Феенорд
Атлетико Мадрид
Лацио
Селтик
ГРУПА Ф
Пари Сен-Жермен
Борусија Дортмунд
Милан
Њукасл
ГРУПА Г
Манчестер сити
РБ Лајпциг
Црвена звезда
Јанг Бојс
ГРУПА Х
Барселона
Порто
Шахтјор Доњецк
Антверпен