Утрински Весник
Свет

Лос Анџелес ќе ја добие првата жена градоначалник

Лос Анџелес ќе ја добие првата жена градоначалник
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Демократската претставничка Карен Бас ќе стане градоначалничка на Лос Анџелес, со што ќе стане првата жена на оваа функција, пишува Ен-Би-Си Њуз.

dobivaj vesti na viber

Бас го победи Рик Карузо, милијардер претприемач поддржан од Илон Маск.

И двајцата беа претставници на Демократската партија, а Карузо за својата кампања потроши околу 100 милиони долари.

Бас, која го отслужува шестиот мандат во Претставничкиот дом, беше на потесниот избор за кандидат на Џо Бајден за 2020 година.

Таа ја најави својата кампања за градоначалник во септември минатата година, велејќи дека решавањето на кризата со бездомниците ќе биде главен приоритет.

„Го поминав животот здружувајќи ги луѓето за да ги решат сложените проблеми и да направат конкретни промени, особено во време на криза“, рече Бас,пренесе Индекс.хр.

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони