Утрински Весник
Економија

Битиќи: Праведната транзиција кон обновливи извори на енергија е свесен и совесен избор за секоја влада

Битиќи: Праведната транзиција кон обновливи извори на енергија е свесен и совесен избор за секоја влада
300x250 (7)

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска преку видео врска се обрати на Конференцијата поврзана со праведната енергетска транзиција и како производството на енергија базирано на јаглен постепено ќе биде заменето со обновливи извори на енергија и капацитети за складирање на истата, како и импликациите врз енергетската безбедност и работниците. Конференцијата е во организација на проектот „Дијагностика на праведна транзиција“ финансиран од ЕУ, имплементиран од страна на консултантската куќа „ПЛАНЕТ“ од Грција.

dobivaj vesti na viber

„Праведната транзиција е свесен и совесен избор за секоја влада. Избор кој е неизбежен ако ги погледнеме макроекономското опкружување и среднорочните до долгорочни енергетски трендови на светскиот пазар. Она што треба да го планираме е како да ги замениме работните места поврзани со јаглен со други работни места. Целта е никој да не остане изоставен како и како да ја замениме енергијата од јаглен со друга енергија за да имаме континуирана сигурност во снабдувањето по најниска можна цена“, изјави Битиќи.

300x250 (7)

Тој додаде дека увиделе дека обновливите извори на електрична енергија стануваат поевтини и поевтини, затоа, во национален интерес е да се зајакне учеството на обновливите извори на енергија во нашиот енергетски микс што е можно порано за да се искористи намалувањето на трошоците и да се остане конкурентен.

„Мораме да ги зголемиме обновливите извори на енергија што е можно побрзо и да инвестираме во складирање на енергија, вклучително и зелен водород, како и во мрежи. За да имаме чиста енергија цело време, дури и кога сонцето не сјае, а ветерот не дува. Со нетрпение очекуваме да слушнеме на оваа Конференција денес за различни технологии за складирање кои на крајот ќе овозможат обновливите извори на енергија да го заменат јагленот. За што секако ќе ни треба поддршка и од развојните партнери“, изјави Битиќи.

Со доволна поддршка, Северна Македонија може да стане пример за праведна енергетска транзиција кој може да послужи како пример не само за Западен Балкан, туку и за многу други земји, рече Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања.

Ss1

Можете да прочитате

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува – 24info.mk