Утрински Весник
Македонија

Лога- Јан Коп: Холандија ги поддржува реформите во правосудството

Лога- Јан Коп: Холандија ги поддржува реформите во правосудството

Министерот за правда Кренар Лога се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија Н.Е Дирк Јан Коп.

dobivaj vesti na viber

Министерот Лога му се заблагодари на амбасадорот Јан Коп за интензивната соработка и посветеноста на европската реформска агенда како и помошта која е дадена преку проектите кои се финансирани од Холандија а се однесуваат на квалитетот и отчетноста на македонскиот правосуден систем, зајакнување на отчетноста, ефикасноста и транспрентноста на Судскиот совет, поддршка на Академијата на судии и јавни обвинители,владеење на правото, слободата на медиумите, заштитните мерки против корупцијата.

На средбата се говореше за финализирањето на изработката на новата Стратегија за реформа во правосудниот сектор 2023-2027, подготовката на новиот Кривичен законик, скринингот како и зајакнување на капацитетите за водење на преговорите во Поглавјето 23,, Правосудство и фундаментални права”.

Амбасадорот Јан Коп изрази интерес за иницијативата за подготовка на нов Изборен законик. Министерот Лога информираше дека работната група не може да отпочне со работа поради фактот што ВМРО ДПМНЕ не предлага свој член и покрај неколкуте барања за номинација на нивен претставник. Во однос на најавата за отпочнување на ветингот, министерот за правда Кренар Лога рече дека овој процес не може да се реализира ако нема поддршка од САД и ЕУ. Амбасадорот Дирк Јан Коп му посака на Лога успех во извршувањето на функцијата министер и порача дека Холандија и во иднина ќе реализира проекти во областа на правосудството давајќи поддршка на затворскиот систем, Јавното обвинителство, Судскиот совет , како и поголема примена на медијацијата во нашата земја.

Можете да прочитате

Ковачевски: Минимална плата од 600 евра и само 7% невработеност до 2028 година

Османи: Вашиот глас е инвестиција за иднината

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ