Утрински Весник
Спорт

Ливерпул и Милан четвртфинална виза во Лига Европа ќе вадат во Чешка

Screenshot 2024 02 23 190032.png

Англискиот фудбалски премиерлигаш Ливерпул и италијанскиот калчолигаш Милан, во денешната ждрепка за двојките од осминафиналето во Лига Европа добија противници од Чешка. „Црвените“ од Енфилд ќе се сретнат со Спарта Прага, а „росонерите“ за ривал ја добија Славија Прага. Баер Леверкузен кој е еден од кандидатите за трофејот ќе игра против Карабаг, Аталанта го доби Спортинг, а Вест Хем ќе игра против Фрајбург. Осминафиналните натпревари ќе се играат на 7 и 14 март. Спарта Прага (Чешка) – Ливерпул (Англија)
Олимпик Марсеј (Франција) – Виљареал (Шпанија)
Рома (Италија) – Брајтон (Англија)
Бенфика (Португалија) – Ренџерс (Шкотска) Фрајбург (Германија) – Вест Хем (Англија)
Спортинг Лисабон (Португалија) – Аталанта (Италија)
Милан (Италија) – Славија Прага (Чешка)
Карабаг (Азербејџан) – Баер Леверкузен (Германија)

Можете да прочитате

Меси, Мбапе, Халанд…кој ќе биде најдобар стрелец на СП?

Лионел Меси стана најдобриот стрелец во историјата на Светските првенства

РК Вардар по четири години се враќа во Лигата на шампиони