Утрински Весник
Спорт

Ливерпул и Феенорд се договорија, Слот е новиот тренер на „Енфилд“

Gmhy6fbweaapjmj.jpg

Арне Слот ќе биде новиот тренер на англискит фудбалски премиерлигаш Ливерпул откако „црвените“, како што пренесоа медиумите на Островот, се договориле со Феенорд за трансфер на Холанѓанецот.

Слот има договор со Феенорд до 2026 година, тимот од Ротердам не сакаше да го ослободи без соодветна отштета. Веста за постигнатиот договор меѓу двата клуба ја потврди и Фабрицио Романо. Според информациите од Холандија, Феенорд за да го ослободи Слот ќе добие меѓу 13 и 15 милиони евра. За 45-годишниот Арне, премиерлигашот Ливерпул ќе биде четврти клуб во неговата тренерска кариера, а прв надвор од Холандија.

Можете да прочитате

Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја

Франција вечерва подготвува спектакуларно отворање на 33. Олимписки игри

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл