Утрински Весник
Македонија

Лишен од слобода кумановец, управувал возило со 3,08 промили алкохол во крвта

645012046 1220316940278831 2819350608368409854 n.jpg

Денеска во 15:30 часот на локалниот пат Куманово- с.Речица, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, го лишија од слобода Б.Ц. (64) од Куманово.

При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло” со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ц. и по извршен алкотест било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека управувал моторно возило со 3,08 промили алкохол во крвта.


Б.Ц. е лишен од слобода и задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Ахмети: Без Албанците, Македонија нема иднина

Ивановски: Иднината на вселената е во рацете на вештачката интелигенција

МНТ СО ДВОЈНА ПОБЕДА: ПРВЕНЦИТЕ ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ И ТАЊА КОЧОВСКА НАГРАДЕНИ ВО ИСТ ДЕН НА ДВА ФЕСТИВАЛИ