Утрински Весник
Спорт

„Лигата која им припаѓаше на Роналдињо, Меси, Роналдо, сега им припаѓа на расистите“

„Лигата која им припаѓаше на Роналдињо, Меси, Роналдо, сега им припаѓа на расистите“

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор се огласи на социјалните мрежи откако беше жртва на уште еден расистички напад. Бразилецот е постојано во центарот на вербални напади од трибините во текот на целата сезона.

dobivaj vesti na viber

Винисисус Жуниор влезе во вербална пресметка со навивачите на Валенсија, на 20. минути пред крајот на натпреварот. Во еден момент сакаше и физички да се пресмета со некого на трибините, но соиграчите и тренерот Анчелоти го спречија.

На крајот, бесот го искали врз играчот на Валенсија, Уго Дуро. Во една мешаница му удри шамар на напаѓачот на Валенсија, поради што доби црвен картон.

Набргу по крајот на натпреварот тој им се обрати на навивачите со порака на социјалните мрежи.

„Ова не беше ниту прв, ниту втор, ниту трет пат. Расизмот е нормален во Ла Лига. Организаторите на ова натпреварување сметаат дека тоа е нормално, и во федерацијата исто така, а противниците го охрабруваат. Жал ми е. Преубава нација која ми посака добредојде и која ја сакам, но која во светот реши да испрати порака дека е расиситичка земја. Шампионатот што некогаш им припаѓаше на Роналдињо, Роналдо, Кристијано и Меси, денес им припаѓа на расистите. Жал ми е за Шпанците кои не се согласуваат со тоа, но Шпанија во Бразил е позната како земја на расисти. Јас сум силен и ќе се борам со расизмот до крај. Дури и ако бидам сум далеку од овде“, напиша тој на Твитер.

Можете да прочитате

Европа ќе има нов фудбалски владетел

Баерн го скрши Арсенал за полуфинале во ЛШ

Стојановски успешно опериран – 24info.mk