Утрински Весник
Македонија

Лидерите од коалицијата „Вреди“ попладне ќе ја разгледаат одлуката на Алијанса за Албанците

20250416124949 big 730x400 16.webp.webp

Лидерите од коалицијата „Влен“ денеска во 14 часот ќе одржат седница во Скопје по вчерашната одлука на Алијанса на Албанците да одат на сопствени листи за советници на претстојните локални избори, а да не излегуваат од коалицијата.

Во 14 часот ќе има седница на Влен по што медиумите и јавноста ќе бидат информирани за ставовите на Влен околу ова прашање, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити при неговата посета на Липково.


Централното претседателство на Алијанса на Албанците на Таравари синоќа во Тетово одлучи на претстојните локални избори да понуди сопствени листи со кандидати за советници. Како што изјави Таравари по сендицата оваа одлука нема да придонесе за промени, односно дека остануваат како партија во рамки на коалицијата „Вреди“ и во состав на Владата

Можете да прочитате

Што се случува со „Алта банка“? Вечерва вонредно „Ноќно студио“ со Кирил Миноски

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци – образованието мора да се темели на наука, а не на верски убедувања

Почина поранешниот министер и пратеник Самка Ибраимовски