Утрински Весник
Спорт

„Левски“ искажа поддршка за фановите кои беа нападнати и приведени на гостувањето во Скопје

„Левски“ искажа поддршка за фановите кои беа нападнати и приведени на гостувањето во Скопје

Бугарскиот клуб „Левски“ кој синоќа гостуваше во Скопје во меч од второто квалификациско коло од Конференциската лига и го победи Шкупи со 0:2, се огласи со соопштение поради немилите сцени, кои се случија пред натпреварот.

dobivaj vesti na viber

Дел од навивачите на „Левски“ беа повредени, а дел и уапсени по инцидентите што се случуваа низ улиците во Скопје, како и пред арената „Тодор Проески“.

„ПФК „Левски“ ја изразува својата поддршка до сите поддржувачи погодени од инцидентите во Скопје. Клубот е во постојан контакт со бугарскиот амбасадор во главниот град на Република Северна Македонија, претставниците на бугарската полиција кои патуваа со делегацијата на „Левски“ и обезбедуваат целосна помош за ослободување на нашите сонародници кои се приведени. Веднаш по инцидентите на стадионот во Скопје и приведувањето на нашите симпатизери, преземени се мерки од клубот и амбасадата на Република Бугарија во Скопје, во лицето на амбасадорот Ангел Ангелов и конзулот Георги Христов, да ги заштитат и да им го обезбедат потребниот статус во моментов“, се вели во соопштението на Левски.

 

Можете да прочитате

Дресот на Пеле од финалето на СП 1958 продаден за 4.8 милиони долари

Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар

Тенисерките примиле над 12.000 навредливи пораки на социјалните мрежи