Утрински Весник
Македонија

Левица: Земјоделците во неизвесност – Владата на ДПМНЕ и ЗНАМ ги крие откупните цени на житните култури 

20240705121952 Big 730x400 75.webp.webp

Иако одамна почна овогодишната жетва на пченицата и јачменот, новата Влада на ДПМНЕ и ЗНАМ, министерот Цветан Трипуновски и мелничарско-пекарската индустрија сè уште немаат излезено со дефинирана откупна цена на житото! 

​​​​​Земјоделците стравуваат дека и покрај големите предизборни ветувања од партиите на власт, повторно ќе бидат извисени, а нивниот труд може да остане неисплатлив.

Години наназад, пред почетокот на жетвата, земјоделците излегуваат со барање за регулирана и договорена откупна цена на житото. Ниту претходниот министер за земјоделство, Николовски, ниту сегашниот министер, Трипуновски, не покажуваат заинтересираност за регулирање на откупната цена на пченицата и јачменот, како би се заштитиле земјоделците од манипулациите и шпекулациите на мелничарите! 

Потсетуваме дека веќе поголем дел од жетвата е собрана!

Според информациите од терен, на некои места пченицата се откупува по 9 или 9,5 денари за килограм, додека пресметката на земјоделците изнесува 19 денари – трошоци за килограм – произведена пченица! 

За рентабилно производство, земјоделците бараат цената на откуп на лебното зрно да изнесува 30 денари за килограм!

Како што знаеме, лошите земјоделски политики на сите претходни влади придонесоа да домашното производство на пченица не ги задоволува потребите на граѓаните, така што недостатокот се компензира со увоз на житни култури во најголем дел од Србија. 

Левица ја повикува Владата да ги стави пченицата и јачменот во приоритетни и стратегиски земјоделски култури! Државата има обврска да го стимулира и зголемува нивното производство и да дефинира рентабилна производствена цена. Праксата во која останатите индустрии го собираат целиот профит од маката на земјоделецот којшто ги произведува овие култури, мора да биде запрена!

Можете да прочитате

ВО ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА ЦАРИНСКАТА УПРАВА ЗАПЛЕНИ ЦИГАРИ, ВОЗИЛА, ОБЛЕКА И ДРУГО

СДСМ: Дали Муцунски, Тошковски и Мисајловски исто имаат проблем со колената?

Активни пожарите на Серта и Огражден: гори во Кумановско, Велешко, Штипско, Битолско, Охридско