Утрински Весник
Македонија

Левица: Таравари не може да бега од одговорност за затворената кардиохирургија која е стратешки интерес на државата

Klinika za kardiologija i kardiohirurgija 3 bg resize.jpg

Соопштение на Левица:

Министерот Таравари продолжува да ја крие сопствената одговорност позади некаква стручна комисија, која треба да утврди дали имало пропусти од здравствените работници за случајот со починатиот пациент на Клиниката за кардиохирургија. Јавноста мора да знае дека затворање на единствената сала на Кардиохиругија, во услови кога очигледно пациентите нема каде да се пренасочат – претставува колапс на здравствениот систем по директива на министерот!


Пропустите на Таравари стануваат евидентни доколку се погледне и самата набавка на апаратот за компјутерска томографија, тендер кој скандалозно воопшто не е ни јавно објавен. Оттука прашуваме, зошто министерот Таравари ја крие сумата со која овој апарат (тежок 3 тона) е набавен? Дали Таравари се обидува да ја скрие фирмата која го добила тендерот, со оглед што истата фирма се спомнува претходно и во друга контроверзна набавка во јавното здравство?!

Односно, од информациите кои пристигнаа до Левица, се работи за добро позната компанија, која уште во времето на министерот Фатмир Меџити (од партијата на Таравари) склучуваше тендери по астрономски цени. Оваа компанија со тогашниот министер Меџити склучи тендер за набавка на медицински апарат по цена од 940.000 евра, иако истиот апарат може да се набави и по двојно пониска цена!

Дали затворањето на единствената сала на Клиниката за кардиохирургија е поради несоодветно реализиран тендер со контроверзна компанија, чија јавна набавка никаде не се објавува? Уште еден момент кој ја бранува јавноста е што Министерството за здравство прво го набавило апаратот, без да изврши соодветна проценка дали може истиот да се инсталира на Клиниката. Еклатантната неспособност на Таравари се гледа во тоа што откако бил набавен апаратот тежок речиси 3 тони, потоа одлучиле да реконструираат потпорни ѕидови на самата Клиника, што дополнително го пролонгира отворањето на салата на Клиниката за кариохирругија.  

Бидејќи министерот Таравари очигледно е фокусиран само на локалните избори, додека пациенти во тешка состојба нема каде да се оперираат – Левица бара од Владата итно да го разреши министерот за здравство кој дозволи еден живот да згасне пред вратите на затворена сала!

Можете да прочитате

Искршена камера кај домот на Вања, уништена е во вторникот вечерта

Таравари не остварил средба, но телефонски разговарал со Ахмети

Казна до 10 илјади евра за непочитување на обврската за објавување на цените на веб-страниците