Утрински Весник
Скопје

Левица Ѓорче Петров: Луксуз на социјалните мрежи, пустош во општината тоа се приоритетите на градоначалникот

Screenshot 2025 05 06 214256 800x445 1.png

Додека улиците во Ѓорче Петров се распаѓаат, а жителите секојдневно се соочуваат со елементарни проблеми, градоначалникот Александар Стојкоски троши илјадници евра за промоција на своите активности на Фејсбук. Според објавата на Левица, само за спонзорирани објави се потрошени над 8.200 евра – пари кои, наместо за реклами, можеле да бидат инвестирани во реални решенија за проблемите на локалната заедница.

Над 8.200 евра досега се потрошени за спонзорирани објави на социјалните мрежи од страна на актуелниот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. И тоа е само досега – до локалните избори на есен, оваа сума сигурно ќе се мултиплицира.


Се поставува прашањето: Што точно промовира градоначалникот за толкави пари, кога секоја населба во општината се дави во проблеми од 19-ти век?!

Дали навистина има потреба работните обврски на градоначалникот од типот, метар квадратен искосена трева, асфалтиран крак и слични секојдневни задачи да се преточуваат во епохални дејаниа “како никогаш до сега”?!

Високите примања на Стојкоски, секако, му овозможуваат ваков раскош на социјалните мрежи, но што навистина е направено за овие четири години од неговиот мандат – останува длабоко сокриено меѓу лажните прегратки на жителите кои можеби сосема несвесно се дел од неговата скапа кампања.

Можеби спонзорираните објави ќе прелажат негови сопартијци од други општини, но жителите на општина Ѓорче Петров го гледаат хаосот и секојдневно го чувствуваат на своја кожа.

Граѓаните не можат да се прелажат со скапи слики и статуси бидејќи тие живеат во реалноста, а не во алгоритамот.

Стојкоски можеби ќе стане Фејсбук ѕвезда, но градоначалник во служба на народот – не.

Ѓорче заслужува реална работа, а не виртуелна кампања.“- се вели во објавта на Левица, локален огранок Ѓорче Петров.

Во време кога локалната власт треба да биде најблиска до реалните потреби на граѓаните, расфрлањето со јавни средства за виртуелна самопромоција остава горчлив впечаток. Наместо реална работа и отчетност, жителите на Ѓорче добиваат дигитален маркетинг со висока цена, додека проблемите остануваат нерешени. Општината има потреба од ангажиран градоначалник на терен, а не уште една онлајн ѕвезда.

Можете да прочитате

Градска болница и повеќе скопски улици утре ќе останат без вода

ЈСП со известување до граѓаните – Ќе се вклучат две линии

Герасимовски: Воведуваме училишни униформи за сите основци од септември