Утрински Весник
Економија

Левица: Новиот Закон за рударство предвидува протерување на народот

Levica Logo Crveno Transparent.png

Соопштение на Левица:

Под изговор на “усогласување со европските директиви” и “развој на рударството”, власта на ДПМНЕ подготвува закон кој претставува директна закана за животите на македонските граѓани. 
Со новиот Закон за рударство освен што е предвидено да се направи пустош на Македонија, тој предвидува и доколку под вашите домови се откријат минерални суровини, државата да има право да ве исели за да обезбеди простор за отворање на рудници.


Ова претставува невидено понижување и потценување на сопствениот народ! Наместо да се заштитат граѓаните, нивните домови и нивното здравје, државата се става во служба на профитот на странските корпорации. Македонија се претвора во рударска колонија, каде интересите на народот се подредуваат под интересите на големите, мултинационалните компании.

Законот е кроен исклучиво во интерес на корпорациите, а не на народот.
Наместо да се стави крај на штетните и опасни рударски проекти, државата го легализира нивното ширење!
Овој Закон не смее да помине!

Можете да прочитате

Филипче: Оризот скапува по амбарите, Владата ги уништи оризопроизводителите

ММФ предвидува: Македонија и регионот меѓу најбрзорастечките економии во Европа до 2031 година

Мицкоски: Трговците со зголемени маржи ќе бидат предупредени, анализата на 600–700 производи е во завршна фаза