Утрински Весник
Скопје

Левица: Мицкоски или ја лаже јавноста, или не знае како гласаат неговите советници во Центар

Levica Logo Crveno Transparent.png

Соопштение за јавност на Левица:

Советот на Општина Центар покажа дека кога се во прашање интересите на градежните лобија, СДСМ и ДПМНЕ повторно настапуваат како едно. И покрај аргументите и предупредувањата на Левица, советниците на двете партии заеднички го изгласаа Нацрт-ДУП-от за Водно, отворајќи пат за нова бетонизација на еден од највредните природни простори во Скопје.


Наместо да ја преземе политичката одговорност за ваквото гласање, премиерот Христијан Мицкоски реши да ја негира очигледната реалност и да ги лаже граѓаните. Тој јавно тврдеше дека советниците на ДПМНЕ не го поддржале Нацрт-ДУП-от, иако од самата седница јасно се гледа што било ставено на гласање и како гласале советниците на неговата партија.

Премиерот или свесно ја манипулира јавноста за да ја намали политичката штета од одлуката на сопствените советници, или навистина не знае што прават кадрите на неговата партија во Општина Центар. И двете можности се подеднакво загрижувачки.

Фактите, сепак, не можат да се релативизираат. Советниците на ДПМНЕ и СДСМ гласаа „ЗА” Нацрт-ДУП-от за Водно. Единствено Левица гласаше против и предупреди дека повторно јавниот интерес се жртвува за сметка на интересите на капиталот и градежната мафија.

Можете да прочитате

Координативен состанок со скопските градоначалници за последиците од невремето

Екипите на Општина Чаир непрекинато на терен по невремето

ЈП Комунална хигиена спроведува активности за расчистување по вчерашното невремето