
Соопштение за јавност на СДСМ:
Граѓаните веќе со страв го очекуваат секое најавување на „нови мерки” од страна на Мицкоски.
Секоја најава на Мицксоски за намалување на цените завршува со ново поскапување.
Најновиот пример се горивата.
Мицкоски најави намалување на акцизите и се пофали со наводни мерки за поевтини горива, а веднаш потоа цените повторно значително се зголемија.
Секоја мерка на Мицкоски за намалување на цените предизвикува нов ценовен удар.
Граѓаните веќе не очекуваат помош од Владата – се плашат колку ќе ги чини нејзината следна „мерка” во најава.
Ова е директна последица на промашената политика на Владата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
Резултатот е јасен: цените растат, платите не можат да го следат растот на трошоците, а семејните буџети секојдневно се празнат.
Министерката за финансии и самата призна дека без ребаланс на Буџетот би се појавиле сериозни проблеми со исплатата на платите и пензиите. Тоа е директно признание дека државната каса е во критична состојба и дека Владата ги довела во прашање основните функции на државата.
Податоците го потврдуваат економскиот дебакл на Мицкоски. Странските директни инвестиции се намалени за над 60%, додека државата за помалку од две години е задолжена со повеќе од 2,5 милијарди евра.
Милијарди евра нов долг, а нема нови продуктивни инвестиции, нема подобар животен стандард и нема помош за граѓаните. Парите се трошат, долгот расте, а економијата стагнира.
Во исто време, синдикалната минимална кошничка се приближува до 70.000 денари, додека минималната плата не го следи растот на цените. Сè повеќе семејства не можат да ги покријат ниту основните месечни трошоци.
Новото поскапување на горивата ќе предизвика дополнителен ценовен бран. Ќе поскапат транспортот, производството и дистрибуцијата, а со тоа и храната и останатите основни производи.
Граѓаните повторно ќе ја платат цената за неспособноста на Мицкоски.


