Утрински Весник
Македонија

Левица: Ќе сечат шуми, ќе детонираат динамит и ќе ни фрлаат отров во дворовите – Закони по мерка на профитерите 

Levica.jpg

Соопштение Левица

На денешната седница на Собранието, пратеникот од Левица, м-р Сашко Јанчев, реагираше на донесувањето на измените на Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство, посочувајќи дека тие го ставаат приватниот интерес над јавниот и отвораат простор за сериозни злоупотреби и еколошки катастрофи:


„Се дозволува и му се отвора пат на приватниот интерес да го води орото во јавните работи. Овие измени очигледно се излобирани од рударското и енергетско лоби. Приватниот интерес го интересира само профит, какви ќе бидат последиците – воопшто не го интересира, а тие знаат да бидат и катастрофални. 

Државата треба да биде контратежа и регулатор, а не да работи по негова желба и да наметнува наратив дека политиките според интересите на профитерите ќе донесат некаков благодет!

Се олеснува процедурата. Наместо решени имотно-правни односи, сега доволно е само одлука за прифаќање на иницијатива. Тоа прави правна каша-попара и проблеми и со Уставот и со законите. Ова не важи само за јавни претпријатија туку секое правно лице, и домашно и странско, може да добие концесија. 
Наративот дека ова ќе донесе бенефит е лага! 

Народот десет години се бори против ова, со протести и референдуми, а вие носите закони по скратена постапка, без воопшто да го слушнете!”

Овие катастрофални законј, и покрај сѐ, и покрај сите изнесени забелешки и предупредувања –  владејачкото мнозинство предводено од ДПМНЕ ги изгласа.

Можете да прочитате

Укината спорната одлука за урбанизам во Тетово, крај за „цртањето“ градежни линии на око

Развојна банка го прекршила правото на новинар, мора да ги открие фирмите кои земале државни кредити

Марихуана и амфетамин пронајдени во дом на скопјанец