Утрински Весник
Македонија

Левица: Јаневска нема решение за превозот на студентите

Levica.jpg

Интегрален текст од соопштение на Левица:

Превозот на студентите кои студираат во градови надвор од нивното место на живеење, никогаш не бил поголем проблем. Кризата ја продлабочува фактот што оваа година два од четирите студентски дома во Скопје се затворени, а кириите се рекордно високи, па се повеќе студенти се принудени секојдневно да патуваат до својот факултет.

Патувањето до друг град на дневно ниво никогаш не било поскапо, па голем број од студентите не можат да си дозволат да ги посетуваат своите факултети со што им е ускратено нивното право на образование и им е оневозможено да студираат.

Во текот на минатата академска година владата воведе мерка со која студентите кои студираат во градови надвор од своето место на живеење, добиваа субвенции од 600 до 1200 денари месечно. Таа мерка се покажа како популистичка и недоволна, а не трајно системско решение кое ќе го реши овој проблем.

МОН предводено од министерката Јаневска, наместо да пронајдат системско решение за овој проблем, се одлучија да ги укинат и минималните субвенции кои студентите до сега ги добиваа. Тоа можеме да го заклучиме поради тоа што иако академската година е веќе започната, МОН нема објавено конкурс за субвенциониран студентски превоз, ниту пак има најава дека ќе се случи такво нешто.

Ваквиот однос на МОН кон студентите покажува дека студентите не се приоритет за актуелната влада, и дека владата продолжува да го уништува студентскиот стандард, и да го прави образованието се поскапо и помалку достапно.

Црвена Младина бара од МОН и од министерката Јаневска да ја сфатат алармантноста на состојбата и да пронајдат системско решение кое трајно ќе го реши проблемот со превозот на студентите, и ќе го направи образованието достапно за сите.

Можете да прочитате

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско

Филипче: Платите на лекарите мора да растат

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре