Утрински Весник
Скопје

Левица: Аеродром тоне во смет

Levica Aerodrom.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на Левица:

По заминувањето на Тимчо и доаѓањето на уште по незаинтересираниот В.Д градоначалник Дејан на чело на општина Аеродром, нашата околина продолжи да се гуши во отпад и загаден воздух.

Почнувајќи од палењето на диви депонии во урбана населба, пожолтени треви и не наводнети површини кажува се за негрижата на градоначалникот и неговите соработници.

За оваа проблематика на оддржување на паркови и зеленило се одвоени граѓански пари 12 500 000 денари или околу 200 000 евра.

Граѓаните на општина Аеродром се гневни на недомаќинското работење со расположливите средства.

Нашата општина стана препознатлива по руинирани игралишта, жолта трева и расфрлан смет насекаде.

Жителите веќе неколкупати реагираа и посочија на овие проблеми но општината нема никаков слух за нивните барања.

Владее тотална незаинтересираност за животната средина од страна на властите.

Го прашуваме В.Д градоначалникот Дејан Митески кога ќе изнајде начин за справување со хигиената во нашата општина?

Зошто комуналните работници иако платени не се пуштени на терен?

На што се трошат овие големи количини на општински пари?

Сеуште чекаме некој да понесе ОДГОВОРНОСТ, а не да се префрла вината на други општини!

Доколку Левица дојде на власт, прв приоритет ќе биде заштита на животната средина и оддржување на хигиената во нашата општина бидејки Аеродром е нашиот дом и си го сакаме убав и чист.

Можете да прочитате

Пожар во куќа во Карпош, повредена 84-годишна жена

Изет Меџити најави нови еколошки автобуси за Скопје

Чемвено и Џеруто победници на Скопскиот атлетски маратон -нашите маратонци второ и трето место