Утрински Весник
Македонија

Левен: Гласајте за СДСМ и Пендаровски, само тие имаат јасен план за Македонија

Leven 1536x1059 1.jpg
300x250 (7)

Поранешниот шведски премиер и актуелен лидер на групата на Социјалистичките партии во Европа (ПЕС), Стефан Левен, порача од денешниот митинг пред седиштето на ЕУ во Скопје дека СДСМ, Коалицијата „За европска иднина“ и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски се единствените што имаат јасен план каде да се движи натаму Македонија.

Левен, како прв говорник на митингот, нагласи дека Партијата на европските социјалисти им дава силна поддршка и дека со гласот за коалицијата на СДСМ и за Пендаровски граѓаните избираат европска иднина. 

Ss1

„Од почетокот на евроинтеграцискиот процес СДСМ и Стево Пендаровски беа единствените лидерства кои посветено работеа на пристапувањето на Македонија во ЕУ. Затоа вашиот глас е јасен, гласајте за СДСМ и за Пендаровски, гласајте за европската иднина“, рече Левен на митингот, потенцирајќи дека нивниот избор, на граѓаните, ќе биде одлучувачки за членството на Македонија во Унијата. 

Според него, во ПЕС се горди што владата на СДСМ успеала да го оствари тоа што конзервативците (ВМРО-ДПМНЕ) тврделе дека не е можно и ја удвоиле минималната плата во земјата наспроти заплашувањата дека тоа ќе доведе до губење на работните места. Место тоа, нагласи Левен, се создале нови работни места, цената на работникот пораснала и се обезбедил поголем стандард за семејствата, заклучувајќи дека СДСМ со своето владеење создала посоцијално, подемократско и пофер општество. 

Тој, исто така, порача дека Партијата на европските социјалисти силно го поддржува членството на Македонија во ЕУ и верува дека Европа ќе биде посилна – ако ја вклучи и нашата земја. 

„Како социјалдемократи имаме јасна визија. Исклучително е важно да се бориме против корупцијата. Таа е отров за општествата и треба да биде искоренета. Пораката е дека изборите на 24 април и 8 мај се исклучително важни за Македонија. Одлуката е во ваши раце. Вие ќе решите каде ќе оди Македонија. Патот кон ЕУ не беше секогаш лесен, но без план ќе стане уште потежок. СДСМ единствени имаат јасен план како да ја однесат Македонија во ЕУ“, рече Левен. 

Ss1

Можете да прочитате

Истражителка на ОЈО Скопје за компјутерски криминал со меѓународно признание од ИЛЕА

Сообраќајна несреќа вечерва направи прекин на патниот правец Радовиш – Штип

Агелер: Медиумите имаат клучна улога, особено во изборниот процес