Утрински Весник
Спорт

Левандовски со наградата „Герд Милер“, Куртоа со признанието „Лав Јашин“

Левандовски со наградата „Герд Милер“, Куртоа со признанието „Лав Јашин“

Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски е добитник на наградата „Герд Милер“ за најдобар стрелец за изминатата сезона. Тој како играч на Баерн Минхен во Бундес-лигата постигна 41 гол и го надмина токму рекордот на Герд Милер.

dobivaj vesti na viber

За најдобар светски голман на церемонијата на „Франс Фудбал“ е избран Тибо Куртоа, голманот на Реал Мадрид. Тој ја добива наградата „Лав Јашин“, а му ја предаде Себастиен Але, голгетерот на Борусија Дортмунд кој во моментот се бори со канцер. За најдобар клуб за изминатата сезона е избран Манчестер Сити.

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија