Утрински Весник
Спорт

Левандовски: Навивам за Баерн против Дортмунд

Левандовски: Навивам за Баерн против Дортмунд

Роберт Левандовски подемот го започна во Борусија Дортмунд, потоа играше во Баерн, а сега го предводи нападот на Барселона. Полјакот, внимателно ги следи настаните во Бундес лигата, каде Баерн и Дортмунд се борат за шампионската титула. Не крие дека навива за Баерн.

dobivaj vesti na viber

„Слушам дека многу луѓе во Европа велат дека би било подобро ако Дортмунд ја освои титулата во лигата. Сепак, јас секогаш ќе навивам за Баерн и се надевам дека момците ќе ја освојат титулата во Германија и ќе покажат дека се најдобри. Последните три натпревари ќе бидат многу возбудливи, но навивам за Баерн и се надевам дека ќе бидат шампиони“, изјави Левандовски.

Овој 34. годишен напаѓач за Дортмунд одигра вкупно 187 натпревари, постигна 103 гола и забележа 42 асистенции. Во 2014 година, како слободен играч се пресели во Минхен.

За осум сезони во Баерн одигра 375 натпревари и постигна дури 344 гола и додаде 72 асистенции.

Во досегашниот дел од сезоната за Барселона одигра 41 натпревар во сите натпреварувања каде успеа да постигне 29 гола и да додаде уште седум асистенции.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ повторно покажа шампионски карактер, во полуфинале го чека Синер

Роналдо го одигра последниот натпревар на Светско првенство

Заврши Мундијалот за домаќинот САД, Белгија убедлива