Летонскиот премиер, Кришјанис Каринш, најави дека тој и неговата влада ќе поднесат оставка во четврток, откога одредени членови на коалицијата го отфрлија неговиот предлог за реконструкција на кабинетот.
Тој на прес-конференција изјави дека неговата централнодесничарска партија Ново единство планира да избере кандидат за нов премиер во среда, пренесува „Ројтерс“.
„Останува на претседателот Едгарс Ринкевичс да му даде мандат на потенцијалниот нов премиер за да се обиде да формира влада. Секоја нова коалиција, исто така, ќе се соочи со гласање во парламентот пред да ја преземе функцијата“, рече Каринш.
Следните парламентарни избори во Латвија се закажани за 2026 година.
Каринш во петокот рече дека се надева дека ќе ја реконструира владата.