Утрински Весник
Македонија

Филипче: Мицкоски денеска го потврди предавството на македонските национални интереси

Sdsm pret filipce.jpeg

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го потврди предавството на македонските национални интереси, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари. Филипче посочи дека политиките на власта јасно укажуваат на тоа дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не сака Македонија да биде членка на Европската Унија.

„Мицкоски денеска го потврди предавството на македонските национални интереси. Денеска потврди дека не сака земјата да влезе во Европската Унија и дека ќе ја држи во изолација далеку од Европа”, рече Филипче.


Тој додаде дека ваквите политики  значат дека нема да се спроведат потребните реформи и дека нема да има контрола на грабежот што власта го прави.

„Тоа значи дека нема никакви реформи, тоа значи дека нема никаква контрола од Европа и тоа според него ќе трае, ако треба и децении. Ова е потврда за сè тоа што го зборувавме изминатиот период. Тој сака да ги држи како заложници идните генерации, децата, сите граѓани. Зошто? За да без контрола, преку тендерите прават грабеж на народните пари”, рече Филипче.

Можете да прочитате

На Блаце уапсен маж баран за тероризам – го чекаат две затворски казни од по осум години

Ферати-Ибрахим: Поголема соработка со невладините организации за инклузивно општество

Слепите лица бараат законско признавање на факсимилот, подобрување на пристапноста на превозот и дигитална еднаквост како услови за независно живеење