Големите спортски ѕвезди по завршувањето на кариерата одлучуваат да се занимаваат со тренерска работа или да се одморат од спортот. Но, има и такви кои по завршувањето на спортската кариера се одлучуваат за сосема поинаков начин на живот.
Бестрашниот „летечки Финец“ Јане Ахонен љубителите на ски-скоковите го паметат по неверојатните победи, а по завршувањето на кариерата тој го изненади светот бидејќи почнал да работи во салон каде што продава и поправа автомобили и мотори.
Сега отиде и чекор понатаму.
Јане Ахонен доби нов предизвик и ќе работи во музејот за мотоцикли во Лахти. Ахонен се грижи за моторите изложени во музејот, а работата ја прифатил без многу размислување.
„Јане ќе биде мојата десна рака. Тој има деловно искуство во многу различни сектори. И не мислам дека е недостаток што Јане е позната личност како што многумина мислат. Тоа беше дури и добра причина да го вработам”, изјави еден од водечките луѓе во музејот Рику Руто во Лахти.
Со доаѓањето на Ахонен музејот доби сосема нов изглед, а според Роут, Јане знае да остане и подолго од предвиденото работно време за се да биде на своето место. Тој покажува извонредна љубов кон моторите.
Ахонен ги одби тренерските позиции во финскиот тим во ски-скокови. Тој целосно се оддалечи од зимските спортови и како коментатор, а сега ужива во својата прва љубов, а тоа се автомобилите и моторите.
Во текот на својата кариера, легендарниот Финец освои два олимписки сребрени медали, пет светски шампионски титули, дури пет пати триумфираше на турнејата „Четири скокалници“ и двапати го освои Кристалниот глобус за севкупен победник на Светскиот куп.
Инаку, Ахонен е и рекордер по бројот на подиуми во Светскиот куп, освои вкупно 108, а многумина изненади со новиот начин на живот. Одби повисоки плати, подобри позиции за да може да ужива во животот.