Утрински Весник
Македонија

Приведен грчки државјанин, допирал по телото 14-годишник во бања во Штип

Policija 4.jpg

На 10.03.2026 околу 15:00 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода П.Д.(66) од Република Грција.

Тој се сомничи дека околу 12:00 часот во просторија за тушеви во бања во Штип допирал по телото 14-годишник од Штип.


Според пријавеното, малолетникот со родителите отишле во бањата и откако се разделиле со неговиот татко во машкиот дел, П.Д. тргнал по него и го извршил делото. 

Лицето е задржано во полициски станица и по целосно документирање на случајот против грчкиот државјанин ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по член 188 став 5 од Kривичниот законик.

Можете да прочитате

Одбиено барањето на Камчев за враќање на 1,5 милиони евра во „Рекет“, одлучи Врховниот суд

Лишен од слобода турски државјанин баран со потерница

Мојсоска: Мицкоски и СДС си го делат бизнисот со струја – ЕСМ тоне, тие се богатат